Три ракометарки постигнаа по десет гола, Вардар триумфално против Атлетик

|
20:56
Share on Facebook

Ракометарките на Вардар полесно од очекувањата славеа со 33-28 во натпреварот од 6 коло во Супер женската лига.

Натпреварот го одбележаа ракометарката на Вардар, Леона Миленкоска, како и двете членки на Атлетик, Сара Богојеска и Анастасија Величковска, кои постигнаа по десет погодоци.

По 6-6 по десетина минути, Вардар отиде на плус три, 9-6, и оттогаш до крајот на натпреварот не ја испушти предноста, која не беше помала од три погодоци. На паузата избраничките на Даниела Новеска водеа со 14-11, а во вториот дел немаше големи возбудувања.

Покрај Миленкоска, во победничкиот состав се истакнаа Трифуновска со седум, Тодоровска со шест и Мила Лашкоска со пет погодоци, а кај Атлетик пет пати погоди Дамјановска.

Во следното коло по ЕХФ паузата, Вардар ќе го пречека Пелистер, додека Атлетик ќе му гостува на Ѓорче Петров 2.

Share on Facebook

📷 Стоилов ги подели последните совети – бутелци тренираа во Велика Горица

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
20:12
Share on Facebook

Ракометарите на Бутел Скопје го одработија последниот тренинг пред првиот натпревар од второто коло од ЕХФ Европскиот Куп против хрватската Горица.

Во градската сала во Велика Горица, тренерот Стојанче Стоилов и неговите избраници ја скроија тактиката за утрешната пресметка.

Натпреварот меѓу Горица и Бутел Скопје се игра утревечер од 18:00 часот во градската сала во Велика Горица, а судии се Словенците Сатлер и Пукшиќ.

Ова ќе биде петти настап во Европа за македонскиот претставник, откако претходно играше двапати во Лигата на Европа и двапати во ЕХФ Европскиот Куп.

Share on Facebook

Чаир со серија од 7-0 го реши мечот со Пелистер

Авор: Редакција
| 18 октомври 2026
18:30
Share on Facebook

Чаир од почетокот го диктираше резултатот на гостувањето кај Пелистер и стигна до победа од 36-22 (20-10). Мечот наместо во Битола се играше во Скопје, па Чаир само условно беше гостин. По овој натпревар, Чаир е трет на табелата со девет бода од шест меча, а Пелистер е седми со еден бод, исто така од шест натпревари.

Чаир ги постигнаа првите два гола, Пелистер израмни, но потоа постојано беше во негатива. Чаир во 11. минута поведе со 8-4, по што битолскиот тим побара тајм-аут. Разликата продолжи да расте и во 15. минута резултатот беше 11-5 за чаирчанки.

Клучниот период дојде веднаш потоа. Од 11-5, Чаир постигна седум гола во низа и во 23. минута побегна на 18-5. Пелистер успеа да го прекине налетот и до паузата да намали на 10-20, но не и да ја доведе во прашање предноста на ривалот.

На почетокот од вториот дел Чаир повторно се оддалечи, од 21-11 на 24-11. Битолчанки потоа стигнаа до 14-24, но секој нивен обид да ја намалат негативата добиваше одговор. Во финишот избраничките на Басри Љатифи поведоа и со 36-20, пред Пелистер со два гола да го постави конечниот резултат.

Рона Мифтари беше најефикасна кај Чаир со 12 гола, Стефани Ристиќ постигна седум, а Росана Павлова шест. Кај Пелистер се истакнаа Ана Стојчевска со осум, Сара Котевска со шест и Даниела Шиниковска со пет гола.

▶▶▶ Приклучи се на VIBER – https://abit.ly/viber-24rakomet
Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ на твојот мобилен телефон
📲.
Со еден клик до сите вести.
🤾

Share on Facebook

Илинден броеше до 48 – трет прволигашки триумф

Авор: Душко Андов
| 18 октомври 2026
16:57
Share on Facebook

Ракометарите на Илинден ја запишаа третата прволигашка победа, откако на домашен терен беа подобри од Сокол Саса со 48-24.

Избраниците на Дарко Јанев на полувремето ја обезбедија победата кога беше 21-9, а во вториот постигнаа уште повеќе погодоци.

Никола Павловски постигна девет гола за победничкиот состав, а дури седуммина ракометари дадоа по пет погодоци за Илинден.

Во составот на Сокол Саса, Павле Стоиловски, беше најдобар стрелец и 11 пати ја затресе мрежата на Илинден.

На табелата, Илинден е на деветтата позиција со шест бодови, додека Сокол Саса е на последното место без ниту еден бод.

Share on Facebook

Во продажба билети – гледајте два европски дуели на Охрид по популарна цена!

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
15:33
Share on Facebook

Тимот на Охрид ги пушти во продажба билетите за натпреварите од второто коло во ЕХФ Европскиот Куп против турскиот Спор Тото.

Двата натпревари ќе се одиграат во СРЦ „Билјанини извори“ на 23 и 24 октомври, со почеток од 18:30 часот.

Билетите за натпреварите ќе може да се набават исклучиво на билетарата при СРЦ „Билјанини извори“ по популарни цени.

Билет за еден натпревар ќе чини 200 денари, а блок билет за двата натпревари 300 денари, а тие ќе се продаваат на билетарницата на салата.

Продажбата започна од вчерашниот ден, а ќе се одвива секој ден од 15:00 до 18:00 часот.

Share on Facebook

Волф ги критикуваше судиите – му се заканува голема казна!

Авор: Душко Андов
| 16 октомври 2026
13:11
Share on Facebook

Голманот на Кил, Андреас Волф, се соочува со парична казна од 2.500 до 5.000 евра поради јавните критики кон судиите по драматичното реми 31-31 против Фленсбург.

Волф ја доведе во прашање компетентноста на арбитрите по контроверзната ВАР одлука во финишот, со која беше поништен потенцијалниот победнички гол на Кил.

Иако санкцијата не е јавно објавена од раководството на лигата, германските медиуми пренесуваат дека Волф доставил и писмено образложение во кое признал дека претерал со своите изјави.

Кил е на врвот на табелата со 17 бодови, два повеќе од Фленсбург и три повеќе од Магдебург, но овие две екипи имаат одиграно два меча помалку.

Share on Facebook