Џинес и Јовановски комбинираа 17 гола, Текстилец со пресврт го победи Астраион

Ракометарите на Текстилец ја запишаа третата победа во четвртиот натпревар во прволигашкиот плеј-аут, откако славеа против Астраион со 34-28.

Штипјани губеа на полувреме со 18-16, но во вториот дел со подбра игра и пресврт успеаја да ги совладаат струмичани.

Текстилец имаше плус пет во првото полувреме, 15-10, но дозволи гостите да израмнат на 15-15 и потоа да направат предност до паузата.

Струмичани имаа и плус три, 22-19, но серијата од шест гола по ред на момците на Зоран Арсов беше клучна трите бода да останат во Штип.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Џинес со девет и Јовановски со осум погодоци, а кај Астраион се истакна Наков со девет гола.

Текстилец сега има 11 бода и се искачи на второто место, додека Астраион остана на девет на третата позиција.