Откако Ракометната федерација на Македонија го потврди Скопје како домаќин на првиот квалификациски дуел за Европското првенство против Луксембург, и Грците го закажаа мечот со нашата селекција.
Тоа е натпревар од второто коло од евро квалификациите за пласман на ЕП 2028 и ќе се одигра на 8 ноември oд 16:00 часот.
Грчката федерација го одреди градот Халкида и салата „Тасос Кампурис“ за домаќин на мечот со Македонија.
Овој град и оваа сала во последно време Грците ги користеа за сите машки репрезентативни натпревари, а Македонија за разлика од претходно кога гостуваше во Кожани, сега ќе гостува во град на море.
Првата средба меѓу Македонија и Луксембург ќе се игра на 4 ноември од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Во квалификациската група е уште и Шведска.
























