Македонија Ѓорче Петров задржа шестмина ракометари до 2028 година

Тимот на Македонија Ѓорче Петров полека го склопува играчкиот кадар со кој ќе настапува претстојната сезона во прволигашката конкуренција.

„Дробилицата“, која ќе биде предводена од тренерот Оливер Димитриоски, ги обнови договорите со шестмина ракометари.

Голманите Давид Стојкоски и Димитар Гиевски ставија потписи на нови договори, а во клубот остануваат и Давор Домика, Мартин Бучуковски и Дарко Рангелов.

Ол-стар левото крило од кадетскиот ЕХФ шампионат во Рига во 2021 година, Михаил Тотиќ, исто така ќе го носи дресот на Македонија Ѓорче Петров наредната сезона.

Сите ракометари потпишаа договори до 2028 година.