Легендата на германскиот Турингер, Лидија Јакубишова, која веќе имаше тренерска улога, на 44-годишна возраст повторно ќе ги облече патиките и ќе застане на теренот.
Јакубишова ќе настапува за Кирхоф, кој мораше итно да реагира поради сериозни кадровски проблеми на позицијата десно крило.
Словачката легенда е ангажирана како итна замена за повредените ракометарки, па сигурно ќе може да им помогне на младите ракометарки.
Јакубишова во 2007 година од Словачка се пресели во Германија, каде што настапуваше за Рајн Мајн Бинен, Трир, Олденбург и Турингер.
Со Турингер освои дури шест титули во Германија, Купот на Германија, а во 2025 година триумфираше и во Европската лига.
























