Тимот на Бешикташ, каде што од ова лето тренер е Рубен Гарабаја, го освои трофејот во турскиот Супер Куп.
Клубот за кој потпишаа Богдан Радивојевиќ и Мигел Еспиња Фереира, славеше против Бурса со 38-32, а на полувремето водеше со 19-17.
Амбициозниот Бешикташ оваа сезона ќе биде дел од ЕХФ Европскиот Куп и е можен ривал на македонските екипи во ова натпреварување.
Кај дамите, Јаликавак го освои трофејот во Супер Купот, откако го победи тимот на Бурса каде игра Моника Килдан Јанеска со 34-31.

























