Деспина го крои составот за Супер лига – остануваат Ѓорѓиоска и Христоска

Тимот на Деспина ќе биде дел од суперлигашката конкуренција откако доби шанса за настап по откажувањето на Куманово.

Прилепскиот тим веќе го крои составот за камбекот во елитата, а потписи на нови договори ставија левиот бек Магдалена Ѓорѓиоска и кружниот напаѓач Весна Христоска.

Претходно искусната Мери Гичева најави дека ќе игра и наредната сезона, која би требало да и биде последна во богатата играчка кариера.

Левото крило Евгенија Илиева и една од најдобрите минатата сезона – кружниот напаѓач Анастасија Јованоска, и наредната сезона ќе бидат дел од прилепскиот состав.

Претходно соработките беа продолжение со голманките Ивона Ристевска и Деспина Пајкароска, левиот бек Матеа Христоска, како и пикерот Ивана Конеска.