РФМ избра град-домаќин, еве каде ќе играат Македонија и Луксембург

Машката репрезентација на Македонија во ноември ги почнува квалификациите за Европското првенство во Португалија, Швајцарија и Шпанија.

Македонија стартува на домашен терен против селекцијата на Луксембург, a Ракометната федерација го избра градот домаќин.

Како и последната средба од баражот за СП 2027 против Словачка, така и оваа ќе се одигра на истото место – во СЦ „Борис Трајковски“.

Натпреварот меѓу Македонија и Луксембург ќе започне од 19:00 часот на 4 ноември, а во нашата група се уште Шведска и Грција.