Татран е прв осминафиналист, Кукуловски и Брно ќе бркаат висока негатива

Словачкиот првак Татран Прешов е првиот осминафиналист во Европскиот Куп, откако два пати на домашен терен беше пододбар од исландскиот претставник Афтурелдинг. Левиот бек Лукаш Урбан беше најдобар стрелец со 13 гола на двата меча.

Швајцарскиот Берн направи мало изненадување со триумфот над унгарскиот Ференцварош, каде играат Борбељ, Лекаи, Балог…додека српската Металопластика едвај славеше против финскиот БК46.

Хафнарфјордур, Баја Маре, Стеауа, Слобода Тузла и Вогошча направија добра залиха пред реваншите со Бохолт, Динамо Панчево, Линц, Спор Тото и Брно, за кој македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски даде три гола.

Грчкиот Олимпијакос го доби драматичниот дуел со хрватскиот Трогир на гости со 27-26, со голот на левиот бек Иван Слишковиќ во последните секунди, додека австриските Брегенц и Кремс (го елиминира Тиквеш), забележаа победи против норвешкиот Рунар и исландскиот ИБВ Вестманејар.

Словенечката Крка се враќа со триумф од Белгија, додека ист е случајот и со чешката Карвина која славеше во Босна и Херцеговина.

Исландскиот Валур ја прекина серијата од 12 победи на украинскиот првак Мотор Запорожје оваа сезона во Европа и во домашното првенство. Валур славеше со 35-31 и ќе биде голем фаворит за прогрес во осминафиналето.

Европски Куп, 3 коло, резултати:

Берн (Швајцарија) – Ференцварош (Унгарија) 33-29
Хафнарфјордур (Исланд) – Бохолт (Белгија) 35-26
Баја Маре (Романија) – Динамо Панчево (Србија) 33-23
Мотор Запорожје (Украина) – Валур (Исланд) 31-35
Стеауа Букурешт (Романија) – Линц (Австрија) 33-23
Трогир (Хрватска) – Олимпијакос (Грција) 26-27
Металопластика (Србија) – БК46 (Финска) 31-29
Брегенц (Австрија) – Рунар Сандефјорд (Норвешка) 33-29
Кремс (Австрија) – ИБВ Вестманејар (Исланд) 30-28
Леотар (Босна и Херцеговина) – Карвина (Чешка) 27-28
Сесвете (Хрватска) – Бешикташ (Турција) 34-27
Слобода Тузла (Босна и Херцеговина) – Спор Тото (Турција) 34-25
Висе (Белгија) – Крка (Словенија) 27-31
Вогошча (Босна и Херцеговина) – Брно (Чешка) 30-23
Татран Прешов (Словачка) – Афтурелдинг (Исланд) 27-24, 28-25
Бриксен (Италија) – ВИФ (Фарски Острови)