Татабања на шопинг во Загреб, Порто, АЕК…

Амбициозниот унгарски тим Татабања веќе работи активно на ростерот за следната натпреварувачка сезона.

Според пишувањата на „RTHandball“, тимот што е предводен од екс стратегот на Вардар и поранешен македонски селектор, Драган Ѓукиќ, е многу блиску до договор со тројца ракометари.

Станува збор за десниот бек на Загреб, Куни Моралес, средниот бек на АЕК Атина, Патрик Лемос, како и пивотот на Порто, Игнасио Плаза Хименез.

Претходно Татабања ги потврди доаѓањата на левиот бек Матеј Хавран од Робе Жубри и средниот бек Саду Н’танзи од ПСЖ.

Од овој тим на лето заминуваат Матијас Ѓери, Адам Јухас, Габор Анчин, Урош Виловски и Јосип Периќ.