Во вториот полуфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп, тимот на Извиѓач Љубушки славеше против унгарската Татабања со 33-31.
Босанскиот првак водеше со четири гола во повеќе наврати, но на крајот носи два гола позитива на реваншот со тимот каде што игра македонскиот интернационалец Филип Талески.
Македонскиот лев бек постигна еден погодок од два обиди во мрежата на домаќините во Љубушки.
Најдобар стрелец кај Извиѓач беше искусниот Фахрудин Мелиќ со десет гола, а кај Татабања се истакна Краковски со четири погодоци.
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.


























