Тасевска и Дорнбирн се вратија во елитата во Австрија

Тимот на Дорнбирн каде што игра македонската интернационалка Марија Тасевска, се врати во елитната конкуренција на Австрија.

Тасевска се врати во Дорнбирн на полусезоната и беше меѓу најдобрите стрелци на последните натпревари.

Во разигрувањето за опстанок, Тасевска и Дорнбирн имаа пет победи и еден пораз и убедливо го освоија првото место.

На последната средба Дорнбирн славеше против Грац со 33-32, а македонското лево крило постигна пет гола.