Танески соопшти список – еве кои 21 ракометар ќе играат против Црна Гора

Покрај сениорската и младинската репрезентација, за време на ЕХФ недела свои активности ќе има и кадетската репрезентација.

Селекторот Наум Танески соопшти список од 18 ракометари, на кои ќе смета за пријателскиот двомеч со Црна Гора.

Танески смета на најголем дел од ракометарите што го изнесоа товарот на квалификацискиот турнир за пласман на ЕП.

Овие два натпревари ќе се играат на гостински терен во Црна Гора на 14 и 15 март, а ќе бидат дел од подготовките за ЕП што се игра во Црна Гора.

Собирот на ракометарите е во вторник, 12 март на пладне.