Tомаш Бабак: Шансите се 50:50, ама сакаме да ја смениме традицијата и да ја минеме Македонија

Кога се играат квалификации за ЕП или СП, тогаш Чешка најчесто губела во двомеч средбите со Македонија. Така барем беше на последните три меѓусебни квалификациски настапи. Сега повторно двете репрезентации се среќаваат меѓусебе на последната пречка пред настапот на СП 2023 година. Македонија сака да продолжи со континуитетот на настапи на големите натпреварувања, а Чешка се надева дека ќе ја прекине лошата традиција со Македонија и ќе игра на Мундијалот.

Првиот меѓусебен меч се игра утревечер во Злин, од 20,15 часот. Чесите се подготвуваат за одвој двомеч со нов селектор, Шпанецот Хавиер Сабате, одиграа две контролни средби со Србија и на едната победија, а сега веруваат дека со добра анализа на Македонија можат да го остварат сопствениот план.

„Се надевам дека историјата ќе се промени, очекувам добар натпревар. Шансите се 50-50, ние одигравме едно добро Европско првенство во јануари и се надевам дека ќе продолжиме со настапи на големите натпреварувања, вели Томаш Бабак, средниот бек на чешката репрезентација.

После ЕП, можеби малку изненадувачки во Чешка се одлучија за промена на селекторот, на клупата дојде Шпанецот Хавиер Сабате. Таквите промени често знаат да донесат позитивен импусл во тимот.

„Сабате секако е многу добар тренер, подготвуваме нова тактика со која се надеваме дека ќе ја победиме Македонија. Oд Македонија секако би го издвоил Лазаров, станува збор за еден фантастичен играч и лидер на тимот, а сега стана и тренер, тука исто така е и Филип Кузмановски. На нив ќе треба многу да внимаваме, бели Бабак.

Во видео анализите на Македонија посебно се фокусирале на нашите настапи на Европското првенство и победата во двомечот против Романија.

„Гледавме натпревари од Македонија од последното Европско првенство, како и двомечот против Романија, правевме анализи, мислам дека сме добро припремени и дека имаме добри шанси“, ни изјави Бабак.

Ќе потсетиме, после утрешниот натпревар во Злин, Македонија во недела ќе биде домаќин на Чешка, за овој дуел билетите се веќе распродадени, па ракометарите сигурно ќе имаат голема поддршка. Но, во Злин ќе бидат и навивачи на Македонија кои најавија доаѓање од Виена и од Чешка од македонските исленички друштва.