Стрелец на голот што донесе победа на Македонија над Франција беше левото крило Дамјан Субашевски, а триумфот значеше дека нашата селекција е деветта на ЕП за младинци.
Популарниот Субаш вели дека импресиите се уште се силни и потенцира дека сонот да се победи големата Франција се оствари.
„Сите имавме сон да ја победиме големата Франција, кој денеска ни се оствари. Загубивме пред три дена, но сега сите сме среќни и чувството е прекрасно, се уште сме под импресии.
Левото крило откри дека како се чувствуваше пред последниот шут.
„Постигнав доста погодоци, па стручниот штаб одлучи ја да го земам последниот шут и да решавам. По тајм-аутот срцето ми чукаше 200 на саат, особено кога одев накај мојата позиција. Знаев дека топката ќе заврши кај мене, бев под притисок, но собра сила, имав мирна рака и успеав да постигнам погодок“, продолжи Субашевски.
Тој посакува наредната година оваа генерација да ги заокружи своите настапи на големите натпреварувања со нешто големо на СП 2025.
„Сите тренираме и работиме за нешто големо на големите натпреварувања. Сакавме и сега да бидеме во ТОП 8, ни беше голема желба, но немавме среќа против Австрија и потоа го повторивме ланскиот успех. Сега сите гледаат на Македонија како силна репрезентација“, заврши Субашевски.
Сега младинските репрезентативци ќе одморат на кратко, пред да им се приклучат на своите клубови на подготовките за наредната сезона.
Македонија е деветта ЕВРОПСКА СИЛА – падна моќната Франција!
🎥 Галевски ја стави „јаготката на шлагот“ – еве како сервираше слатка одмазда за Франција!
🎥 Така тоа го прават големите: Стојановиќ и Ангеловски ја „нацртаа“ победничката акција!
🎥 „Ладен како шприцер“ – еве го победничкиот гол на Субашевски за македонско славје
Галевски: Треба да се верува во нас, го оставаме срцето на терен секој натпревар
Стојановиќ: Клубовите треба да инвестираат во овие деца, а не да ангажираат потпросечни странци