Од 12 до 15 август, ракометот повторно се враќа покрај Oхридско езеро. На 54. издание на најстариот ракометен турнир во Македонија ќе настапат Вардар, Охрид, Бутел Скопје, Прилеп, Струга и Дубочица од Лесковац, а сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на YouTube каналот на 24Ракомет.
Од 12 до 15 август, на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“, ќе се одржи 54. издание на традиционалниот Меѓународен ракометен турнир „Струга 2026“.
Ова лето во Струга ќе играат шест екипи поделени во две групи – пет македонски и една екипа од странство ќе се борат за трофејот, кој најмногу пати го има освојувано Вардар, вкупно 14.
Во групата А ќе играат актуелниот македонски шампион Вардар, како и амбициозните Бутел Скопје и Прилеп, додека во групата Б се домаќинот Струга, бранителот на трофејот – Охрид и српската Дубочица Лесковац.
Покрај двата меча на 12 август, тој ден ќе биде и свеченото отворање, потоа на 13 и 14 август ќе се одиграат уште четири меча од групите, додека на 15 август на програмата се три средби – за петто, за трето место и финалето.
_________________________________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________























