СТРУГА 2024: Ќе има одличен ракомет, само времето да нè послужи

Откако пред две години го прослави „златниот јубилеј“, познатиот ракометен турнир во Струга ја продолжува традицијата на најстарата спортска манифестација во Македонија. Годинава од 14 до 17 август по 52. пат отвореното ракометно игралиште покрај „Женската плажа“ во Струга повторно ќе биде местото каде ќе се темпира формата за новата сезона, но и ќе се борат екипите за престижниот трофеј.

Играњето на отворено е една од најуникатните работи на меѓународниот турнир во Струга што од 14 до 17 август годинава ќе се одржува. По тоа е познат во целиот регион и Европа. За екипите од Скандинавија тоа е големо и ново искуство, и тоа секогаш го потенцираат.

Годинава повторно меѓу екипите што ќе играат е и ГУИФ Ескулстуна од Шведска. Тие се во група со Вардар и Тиквеш. Капитен на ГУИФ, Ричард Ханиш лани беше во Струга, но поради повреда не настапи. Сега едвај чека да го искуси она што го очекува на игралиштето „Горан Попоски – Бабец’

„Навистина беше добро лани во Струга, и натпревари и атмосфера. Јас не играв поради повреда, но бев со тимот. Сега со нетрпение очекувам да заиграм. Ќе има одличен ракомет, само да не послужи времето, вели Ханиш кој од 2023 година е дел од ГУИФ.

Претходно има настапувано за екипите на Хамарби, Хамбург, Кристијанштад, Елверум и Сковде. Им аоколу 50 настапи за младинските репрезентации на Шведска.

И лани ГУИФ беше во иста група со Вардар на турнирот, и „црвено-црните“ тогаш победија со 28-26. Годинава тој нивни дуел ќе биде по петок, и можно е тој да решава повторно кој ќе биде финалист.

„Вардар е навистина одличен, и ќе биде тежок тест за нас. И Тиквеш имаше одлични настапи лани, ќе видиме како ќе биде сега на турнирот. Но, најважно е да имаме силни тестови пред почетокот на првенството. Вардар е фаворит и з аосвојувањ ена турнирот. Тимовите во кои сум настапувал имаат играно против Вардар, но ја сникогаш не сум бил во состав. Сега конечно ќе настапам, вели Ханиш.

Распоред на натпревари на ГУИФ
15 август: Тиквеш – ГУИФ (20,40 ч.)
16 август: Вардар – ГУИФ (18,30 ч.)
17 август: Меч за пласман.

 

Дознајте ги сите новости поврзани со 52. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.

,
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…