Левото крило Бојан Маџовски и во наредните три сезони ќе ги брани боите на германскиот нисколигаш Цвикау.
Тој потпиша нов договор со германскиот тим и се обврза да остане најмалку до 2029 година во составот за кој играа Дарио Петровски, Стефан Талевски, Пеце Ѓорѓиески…
Маџовски потекнува од школата на Металург, беше дел од Металург Јуниор, потоа од Еурофарм Пелистер, пред да започне да настапува надвор од Македонија.
По една сезона играше за црногорскиот Ловќен и српскиот Партизан, пред да се пресели во Германија.























