Клупски рејтинг во Европа кај дамите – рангирани се Ѓорче Петров, Чаир, Куманово…

Европската ракометна федерација од оваа сезона воведува клупски ранкинг кај машките и женските клубови, кој во иднина ќе биде користен кога се во прашање поделбите по шешири пред ждрепките за сите купови.

На првиот ранкинг се земени во предвид сите клубови што биле активни на европска сцена во последните три сезони – 2023/24, 2024/25 и 2025/26.

Покрај тоа што овој ранкинг ќе биде користен при поделба по шешири за ждрепките, ќе има влијание и во распределбата на вајлд-карти и апгрејди во куповите.

Од македонските клубови се рангирани сите оние што играат на меѓународна сцена во последните три сезони – вкупно 162 клуба, а највисоко од македонските клубови котира Ѓорче Петров – на 57 место со 37 бодови.

Чаир е на 78 позиција со 19 бодови, Металург Автокоманда – клубот што повеќе не постои е рангиран на 101 место со 12 бода, додека Куманово е на 135 место со 4 бода.

Во ТОП 3 се унгарскиот Ѓер со 694 бода, Мец со 564 и Есбјерг со 430 бодови.