Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беше извршена ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите.
Престојната сезона ќе биде последната што се игра по овој систем – две групи по осум екипи, додека од сезоната 2027/28 ќе се игра по нов систем – четири групи по четири клуба.
Европскиот првак Мец ќе игра во групата Б, заедно со финалистот Ѓер, како и романската Глорија Бистрица, данскиот Оденсе, норвешкиот Сторхамар…
Единствената Македонка во Лигата на шампионите, Ива Младеновска со германската Борусија ќе игра во групата А.
Таму покрај германскиот клуб, ќе играат и некогашниот клуб на Младеновска – францускиот Брест, потоа словенечкиот Крим, романскиот ЧСМ Букурешт, данскиот Есбјерг…
Новата сезона во Лигата на шампионите кај дамите почнува на 5/6 септември.

























