Европската ракометна федерација од оваа сезона воведува клупски ранкинг кај машките и женските клубови, кој во иднина ќе биде користен кога се во прашање поделбите по шешири пред ждрепките за сите купови.
На првиот ранкинг се земени во предвид сите клубови што биле активни на европска сцена во последните три сезони – 2023/24, 2024/25 и 2025/26.
Покрај тоа што овој ранкинг ќе биде користен при поделба по шешири за ждрепките, ќе има влијание и во распределбата на вајлд-карти и апгрејди во куповите.
Од македонските клубови се рангирани сите оние што играат на меѓународна сцена во последните три сезони – вкупно 187 клуба, а највисоко од македонските клубови котира Еурофарм Пелистер – на 28 место со 92 бода.
„Сино-белите“ од Автокоманда се на 31 место со 89 бод, Вардар е на 32 место со 87 бодови, додека охриѓани се на 36 место со 84 бодови. Рангирани се уште и Тиквеш – на 117 место, како и Бутел Скопје на 173 место.
Во ТОП 3 клубови се Барса на првото место со 650 бодови, Магдебург е втор со 551, додека Фуксе Берлин е на третата позиција со 509 бода.























