📷 Стоечки овации за младите битолски херои што ќе играат во Келн!

Пред стартот на големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, присутната публика во салата „Боро Чурлевски“ ги поздрави новите херои од младинската екипа што обезбедија место на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски на жешкиот терен во Букурешт го елиминираа Келце, а потоа и домаќинот Динамо во битката за пласман на Ф4 во Келн.

Покрај македонскиот претставник, на завршниот турнир во Лигата на шампионите за трофејот ќе се борат Веспрем, Барселона и ГОГ Гудме.

Ф4 во младинската ЛШ ќе се игра паралелно со сениорската во „Ланкес Арена“ на 14 и 15 јуни.