СТРУГА 2026: ДАЛИ ЗНАЕТЕ – Кој играч има освоено најмногу титули на турнирот?

Од 12 до 15 август, ракометот повторно се враќа покрај Oхридско езеро. На 54. издание на најстариот ракометен турнир во Македонија ќе настапат Вардар, Охрид, Бутел Скопје, Прилеп, Струга и Дубочица од Лесковац, а сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на YouTube каналот на 24Ракомет.

Скопски Вардар и битолски Еурофарм Пелистер се единствените со двоцифрен број на трофеи на турнирот во Струга – со по вкупно 14. Тие се и најтрофејните во историјата на уникатниот турнир што се одржува на отворено покрај Охридско Езеро. На листата на рекордери со двоцифрен број трофеи и со една идивидуална награда се вбројува и еден играч.

Интересно е дека тој играч е поранешен член и на Вардар и на Еурофарм Пелистер. Со двата тима освојувал трофеи во Струга, но и со уште еден тим за кој настапувал. Играше на позицијата лево крило и беше дел од сите најголеми успеси на репрезентацијата на Македонија.

Стевче Алушовски во својата богата кариера има освоено вкупно 12 трофеи во Струга. Најмногу има освоено со Еурофарм Пелистер – шест (сите во периодот од 89 до 97 година). Потоа се сели во Скопје каде со Вардар од 2000 до 2007 година петпати триумфрал во Струга. Има и еден трофеј со Металург во 2012 година. Следната година заминува во пензија.

Зад себе има и една индивидулнa награда за најдобар играч на турнирот од 2006 година. Како тренер беше дел од финалето во 2020 година на клупата на Вардар, но во тој дуел на неговите два поранешни тима за кои играл, подобри беа битолчани. Исто така како тренер на Еурофарм Работник беше дел од финалето во 2019 година кога битолскиот тим загуби од АЕК Атина.

_________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________