Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер со 27-24, а најефикасен играч во победничкиот тим беше Марко Срдановиќ.
Левото крило вели дека е остварена најважната цел на овој натпревар, а тоа е победа над големиот конкурент од Битола.
„Најважно е дека ја остваривме главната цел – а тоа беше да победиме. Добро се подготвувавме за овој натпревар, целата недела имавме добри тренинзи и тоа резултираше со победа. Нормално е да имаме подеми и падови, но осцилациите не беа преголеми и драго ми е што победивме. На вакви натпревари заморот не е изговор, тие се таков карактер што се заборава на умор, има голема мотивација на двете страни“
Вардар сега има три победи и еден пораз, оној во Автокоманда, па се израмни со бодовите со актуелниот шампион.