Спектакуларно финале: Ристовска и ЦСКА среде Ростов се радуваа на Куп трофеј!

Екипата на ЦСКА Москва го одбрани Куп трофејот во Русија, откако во спектакуларното финале славеше над Ростов Дон после пеналите со 30:29.

Победникот на финалето, кое беше одиграно во Ростов, беше одлучен по пеналите, откако регуларниот дел од натпреварот заврши без победник, 23:23 (12:12).

Ристовска беше меѓу најефикасните во составот на Олга Акопјан, зад своето име имаше четири реализации.

За ЦСКА Москва ова е трет Куп трофеј во својата клупска историја, московската екипа освен минатата сезона, го освои златото во Купот на Русија и во 2022 година.

Динамо Синара по победата над Лада Тољати од 27:23 го освои третото место, односно бронзениот медал.