Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска го пречекуваат португалскиот првак Спортинг Лисабон во рамките на 4 коло во Лигата на шампионите.
Стратегот Бранко Ангеловски го одреди составот на домаќините за овој дуел, а нема да смета на Домен Тајник и Петар Атанасијевиќ.
Надвор од конкуренција е поодамна е Костески, кој се рехабилитира од повреда, а Ангеловски не смета ниту на Печурица и Цикатиќ. Деби во Лигата на шампионите ќе има младиот Алем Хаџиќ.
Спортинг Лисабон ќе биде со комплетниот ростер, тука се браќата Кошта, Салвадор, Бранкињо, Портела…
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг Лисабон ќе се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.