ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Веспрем на тежок тест кај „лисиците“ во битката за Ф4

Денеска во центарот на вниманието ќе бидат трите средби од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Унгарскиот Веспрем ќе брани гол позитива од првиот меч на гостувањето кај бундеслигашот Фуксе Берлин, кој минатата сезона играше на Ф4.

Интересно ќе биде и на пресметката меѓу Алборг и Спортинг Лисабон, откако на првиот меч беше реми, а Барса славеше со два гола кај Нант и со една нога е во Келн.

На домашна сцена се игра еден натпревар од Првата женска лига во Свети Николе, каде кај Овче Поле СУ ќе гостува Стружанка.

Свои настапи низ Европа би требало да имаат Ива Младеновска (Безансон) и Андреј Петковски (Пулави).

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:45 ФУКСЕ БЕРЛИН – ВЕСПРЕМ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 АЛБОРГ – СПОРТИНГ ЛИСАБОН (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 БАРСЕЛОНА – НАНТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
19:30 ДИЖОН – БЕЗАНСОН (ФРАНЦИЈА)
20:00 ПУЛАВИ – ЗАГЛЕБЈЕ (ПОЛСКА)
17:30 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – СТРУЖАНКА (МАКЕДОНИЈА)