Словенија и Полска ослабени: Овничек и Морито нема да настапат на ЕП

Во пресрет на ЕП во Германија голем дел од репрезентациите се соочуваат со повреди на своите ракометари кои не се во можност да настапат на големото натпреварување.

Селекторот на Словенија, Урож Зорман има големи главоболки во пресрет на EП 2024. По откажувањата на Домен Макуц, Блаж Јанц и Стефан Жабиќ, најнов на листата кој ќе го пропушти ЕП е Рок Овничек.

Средниот бек на француски Нант на дуелот со Црна Гора во рамките на “Кроација Куп“ во Пореч го повреди коленото, и нема да биде во можност да и помогне на својата репрезентација на ЕП во Германија.

Со слични проблеми се соочува и полскиот селектор, Марцин Лијевски. Тој за полските медиуми изјави дека нема да може да смета на еден од своите најдобри ракометари, Аркадиуш Морито.

Десното крило на Киелце сеуште се нема опоравено од повредата која ја доби на дуелот со репрезентацијата на Унгарија во ноември. На прв поглед се чинеше дека повредата не е сериозна и дека Морито ќе биде на располагање за престојното ЕП, но десното крило не се чуствува максимално подготвен за настап.

„Чуствувам болки во рамото, посебно во моментите кога шутирам. Кондициски се чуствувам подготвен, но немам доволно сила кога шутирам. Ако не сум доволно подготвен нема смисла да го завземам местото во репрезентацијата“, изјави Морито за Полските медиуми.

Словенија и Полска ќе бидат дел од групата Д, заедно со репрезентациите на Норвешка и Фарски острови.