Селекторот на машката младинска репрезентација на Македонија, Игор Илиевски, го скрати списокот на ракометари за подготовките пред Европското првенство во Романија.
Илиевски ќе смета на 18 ракометари за собирот што ќе почне на 15 јуни во 13:00 часот, а до заминувањето за Романија ќе бидат одиграни четири контролни средби, сите во Скопје против Саудиска Арабија, Италија и Грција.
На поширокиот список го немаше Дамјан Митев, а на скратениот не се најде ниту Самоил Ристевски, двајцата ракометари што се лидери на оваа генерација, која наредното лето треба да го има последното големо натпреварување – Мундијалот во Скопје.
Меѓу повиканите има неколкумина од кадетската репрезентација на Горан Кузмановски – Николовски, Младенов, Петрески, Поповски, Ѓорчески, Фехми…
Македонија е во група со Данска, Норвешка и Хрватска, а континенталниот собир ќе се одржи од 8 до 19 јули во Клуж и Турда.























