Ракометарките на Скопје победнички ја завршија сезоната во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.
Тимот на Будимир и Радуловиќ во последното, 26. коло за ривал го имаше Шампион и успеа да обезбеди триумф од 28:23.
Иако Шампион во најголемиот дел од првиот дел даде силен отпор, сепак, по нерешените 10:10, составот на Скопје направи серија од 5:0, се одлепи на 15:10 и на полувреме замина со предност од 15:12.
Во вториот дел Шампион за момент се врати во игра, израмни на 16:16 и во тој момент како да подзастана и дозволи ривалот со неколку мини серии да ја осигура победа.
Најефикасни во победничката екипа беа Стефани Ристиќ со осум и Марија Стојановска со седум погодоци. Кај Шампион се истакнаа Мила Филипова и Миа Петровска со по шест реализации.