„Сино-белите“ од Автокоманда одиграа како на тренинг против Радовиш

Тимот предводен од Киле Лазаров во натпревар од 13. коло од Супер лигата немаше никакви проблеми против Радовиш и дојде до 12-ти сезонски триумф.

Иако домаќин беше Радовиш, денешната средба се одигра во Автокоманда, а формалниот гостин дојде до најубедливиот триумф во оваа натпреварувачка сезона.

Избраниците на Кире Лазаров триумфираа со 46:21, а победникот беше познат уште по првиот дел, кој го добија „сино-белите“ со 16 гола разлика, 25:9.

Предводник во победничката екипа беше Александар Петковски со осум гола, додека кај Радовиш како најефикасни беа Иванче Ончев, Филип Трајанов, Ристе Атанасов и Филип Костадинов, сите четворица имаа по три гола.

Овој викенд тимот од Автокоманда ќе игра против градскиот ривал Бутел, а Радовиш ќе гостува кај Вардар.