Тимот предводен од Кирил Лазаров славеше на првиот осминафинален натпревар против италијанскиот Бриксен со 44:32 и веќе со една нога се наоѓа во четвртфиналето во Европскиот Куп.
Средбата се играше во брз ритам и тоа носеше и грешки на двете страни, но резултатската разлика не беше доведена во опасност во првиот дел, па така тимот од Автокоманда на полувреме замина со 23:18.
Македонскиот претставник во вториот дел одигра далеку подобро, посебно во одбраната и со одличната игра дојде до убедлив триумф, со кој се наоѓа многу блиску до пласман меѓу најдобрите осум екипи.
Најдобри поединци кај Алкалоид беа репрезентативците Марко Митев и Игор Ѓорѓиев со седум, како и Александар и Мартин Серафимов со шест погодоци.
Реваншот меѓу двете екипи ќе се одигра следниот викенд, односно на 22 февруари во спортската сала ,,Автокоманда”, со почеток од 18:00 часот.