Сигурдсон заминува од хрватската клупа по СП?!

Исландскиот стратег Дагур Сигурдсон би можел да си замине од жешката селекторска клупа во Хрватска.

Според пишувањата на германскиот „Билд“, Сигурдсон има понуда од Бундес лигата и би можел да го преземе Фленсбург.

„Мислам дека станот во Задар на Сигурдсон наскоро ќе биде слободен, а ќе се всели во нов во Фленсбург. Слушнав дека Фленсбург го бара Дагур, а тој им рекол дека нема да ја донесе одлуката пред крајот на СП“, изјави некогашниот германски репрезентативец Мими Краус за „Билд“.

Фленсбург остана без тренер по отказот за Николај Крикау, а привремено решение е спортскиот директор Љубомир Врањеш.