Шпанија отвори „Куќа на славните“ – први „жители“ се Душебаев, Масип, Омбрадос…

Асобал лигата формираше „Куќа на славните“ и веќе се познати првите седум членови во елитното друштво.

Прв меѓу нив е легендарниот Талант Душебаев, легендарниот тренер на Келце, своевремено еден од најдобрите светски плејмејкери.

Родениот Киргистанец, некогашен репрезентативец на СССР и Русија, потоа играше и за Шпанија. Беше член на ЦСКА Москва, ТЕКА Кантабрија и Сиудад Реал, одигра 253 натпревари во Асобал лигата и постигна преку 1.000 погодоци.

Покрај клупските успеси, со СССР освои злато на ОИ 1992, каде беше најдобар стрелец, потоа злато со Русија на СП 1993, сребро со Шпанија на ЕП 1996 и ЕП 1998, многу индивидуални награди…

Покрај Душебаев во првата седморка што влезе во „Куќата на славните“ се Хозе Омбрадос, Енрик Масип, Хуанин Гарсија…