Репрезентацијата на Шпанија во последното коло од олимписките квалификации го совлада Бразил со 28:26 и го завери пласманот на најголемата спортска манифестација во светот.
Освен Шпанија, од првата група пласман на Олимписките игри претстојното лето обезбеди и репрезентацијата на Словенија, која во послендото коло го совлада Бахреин со 32:26 и благодарение на победата на „црвената фурија“ ќе игра во Париз.
Бразил го освои третото место во првата група и нема да настапи на Олимписките игри. Јужноамериканската селекција на три натпревари, оствари само една победа, онаа против Бахреин.
Хрватска со „три од три“ ги заврши олимписките квалификации, во последното коло го совлада и Алжир, триумфираше со 12 гола разлика, 34:22. Избраниците на Дагур Сигурдсон го освоија првото место во втората група.
До овој момент, пласман на Олимписките игри обезбедија и репрезентациите на Германија и Норвешка. Последниот патник ќе се одлучува на вечерашниот дуел меѓу репрезентациите на Унгарија и Португалија.
Германците се пласира на ОИ, Словенците чекаат услуга од „фуријата“