Германците се пласира на ОИ, Словенците чекаат услуга од „фуријата“

Селекцијата на Германија е третата селекција што преку квалификациите обезбеди место на Олимписките игри по Норвешка и Хрватска.

Бундес тимот имаше проблеми против Австрија, но на крајот славеше со 34-31 и го освои второто место во квалификациската група зад Хрватска, која ја чека неважен меч со Алжир.

Словенија го совлада Бахреин со 32-26 и сега ќе чека услуга од селекцијата на Шпанија, која практично е пласирана на ОИ, иако не математички.

Десниот бек на Еурофарм Пелистер, Нејц Цехте имаше одличен настап и успеа да запише пет реализации.

Шпанците играат со Бразил, кој исто така има шанси за место во Париз, и било каква победа го носи јужноамериканскиот вицепрвак на ОИ.