Сениорките утрово на собир, вечерва на пат кон Азербејџан

Женската репрезентација на Македонија денеска ќе го има собирот пред последните две средби од квалификациите за ЕП 2024.

Селекторот Кристијан Грчевски ќе смета на 20 ракометарки, а на списокот немаше големи промени. Десното крило Сара Ристовска, ќе се приклучи директно во Баку.

Македонија е практично пласирана на Европското првенство, но за потврда ќе треба да слави на гостувањето во Баку.

Македонската експедиција вечерва заминува на пат до Азербејџан, каде треба да пристигне утре рано наутро и ќе има доволно време за адаптација.

Натпреварот меѓу Азербејџан и Македонија се игра в среда од 15:00 часот (17:00 по локално време), додека последната средба со Литванија е на програмата в недела на 18:00 часот.