Селекторот на Црна Гора влегува во политиката!

Актуелниот селектор на машката сениорска репрезентација на Црна Гора, Владо Шола, влегува во политичките води.

Искусниот стратег на претстојните парламентарни избори во Хрватска ќе биде кандидат за пратеник од втората изборна единица.

Шола е носител на коалициската листа предводена од Социјалдемократи, ИДС, ПГС и Лабуристи.

Поранешниот голман на „коцкестите“ довербата на граѓаните главно ќе ја бара во Бјеловарско-билогорската жупанија, јужниот дел на Копривничко-крижевската жупанија, делови од Загребската жупанија и источниот дел на градот Загреб.

Хрватското Собрание има 151 пратеник, од кои 140 се избираат во десет изборни единици, тројца во дијаспората се избираат од хрватски државјани кои живеат во странство, а осум пратеници се избираат од националните малцинства во 12-та изборна единица, односно низ целата земја.