Селекторот Јакобсен со критики за првата данска ѕвезда!

Ракометарите на Алборг не го освоија Куп трофејот во Данска, откако во финалето загубија од ГОГ Гудме со седум гола разлика, 32:25.

Данската ѕвезда, левиот бек Микел Хансен на финалниот дуел беше стрелец на само еден гол, додека во полуфиналето, против Силкебог, имаше 13 погодоци, 11 од нив беа од пенал.

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен, имаше свој коментар за играта на Хансен и истакна дека искусниот ракометар треба да биде поопасен.

,,На Микел му оди добро, но треба да биде поопасен. Не е доволно само да се прават добри додавања. Микел игра одлично во играта седум на шест, но би сакал да биде повеќе поопасен за голови”, изјави Јакобсен.

За Алборг и Хансен нема да има многу одмор, бидејќи во среда ќе играат против ПИК Сегед во рамки од Лигата на шампионите.