Се во знакот на Македонија – ракометарките подготвени за старт на ЕП!

Денеска ќе започне 16. издание на Европското првенство во женска конкуренција, на кое еден од 24-те учесници ќе биде и репрезентацијата на Македонија.

Македонија за прв ривал на континенталниот собир ја има репрезентацијата на Шведска, која е еден од фаворитите за висок пласман.

Избраничките на Кристијан Грчевски ветуваат голема борба против сите ривали во групната фаза, а најголем акцент ќе биде ставен за саботниот натпревар против Турција.

Натпреварот меѓу Македонија и Шведска ќе се игра вечерва во „Феникс Арена“ со почеток во 20:30 часот.