Африканското првенство денеска ќе заврши со финалето и со мечот за третото место, а веќе се познати и патниците на СП 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска.
На селекциите на Египет, Алжир, Зеленортските Острови и Тунис, кои играа во полуфиналето, им се придружи и петтопласираната репрезентацијата.
Тоа е Гвинеја која го победи составот на ДР Конгро со Оливие Њокас и Готје Мвумби со 29-26, и која ќе дебитира на Мундијал.
Без СП останаа Ангола и Мароко, кои претходно беа редовни учесници на Светските шампионати.
За златото ќе се борат Алжир и Египет, додека во битката за бронза ќе се сретнат Зеленортските Острови и Тунис.