Цековски даде 12 гола, Радовиш немаше шанси кај Куманово

Тимот на Куманово прослави убедлива победа над Радовиш со 38-21 во натпреварот од 9 коло во суперлигашкиот плеј-аут.

Пред овој натпревар беше познато дека Куманово одамна ја имаше завршена работата околу опстанокот, а Радовиш е одамна прволигаш, па беше јасно дека нема резултатски притисок на ниту една страна.

Тренерот на домашните, Саша Радосављевиќ, им даде шанса на сите ракометари да играат, а се истакна Борјан Цековски со 12 гола од 16 обиди, додека шест пати стрелаше Омар Радван.

Кај Радовиш шест гола даде Филип Трајанов. Куманово сега има 19 бодови, Радовиш останува на нула.