Се играше без одбрана – 402 погодоци паднаа во 17. коло кај дамите

Со натпреварот меѓу екипите на Спартак и Ѓорче Петров беше комплетирано 17. коло во единственото женско сениорско натпреварување.

Во ова коло на седум одиграни натпревари беа постигнати 402 погодоци, најмногу погодоци, вкупно 67, беа постигнати токму на вчерашниот дуел меѓу Спартак и актуелниот бранител на титулата.

Гол помалку, односно 66, имаше на средбата меѓу Пелистер и Овче Поле СУ, а 59 погодоци паднаа на дуелот во Гевгелија меѓу истоимената екипа и Вардар.

Металург Автокоманда и Чаир со возбудлив дуел, кој беше проследен со неизвесност до последната минута, го одбележаа изминатото коло.

Дербито во Автокоманда го доби домаќинот, па така трката за врвот станува сѐ повеќе поинтересна. Очекувано, на овој натпревар беа постигнати најмал број погодоци, вкупно 54.

Женска лига, 17. коло, резултати:

Спартак – Ѓорче Петров 18:49 (ИЗВЕШТАЈ)
Стружанка – Скопје 28:29 (ИЗВЕШТАЈ)
Вардар – Гевгелија 48:11 (ИЗВЕШТАЈ)
Металург Автокоманда – Чаир 27:25 (ИЗВЕШТАЈ)
Деспина – Куманово 23:24 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер – Овче Поле СУ 35:31 (ИЗВЕШТАЈ)
Астибо – Шампион 29:25 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080