Чаир падна кај Металург во Автокоманда, се разгоре битката за титулата

Ракометарките на Металург Автокоманда во дерби дуелот од 17. коло од Женската лига против Чаир успеаја да ги освојат бодовите, триумфираа со 27:25 (13:11) и останаа во игра за титулата.

Новакот во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија сега има 43 бодови, толку има и Чаир, додека Ѓорче Петров, кој има натпревар помалку, се наоѓа на лидерската позиција со 46 бодови.

Во речиси најголемиот дел од  натпреварот се играше гол за гол, имаше еден момент во првиот дел, во кој Чаир успеа да се одлепи на 9:6, но домаќинките бргу се вратија во игра, направија пресврт и на полувреме имаа плус два, 13:11.

Како што беше првиот дел, така помина и второто полувреме, во кое само нијанси решаваа кој ќе ја добие битката. Резултатот во 55 минута беше нерешен, 22:22, во клучните моменти домаќинките беа повеќе пофокусирани, водеа со еден до два гола разлика и не дозволија ривалот да се избори за реми.

Најефикасна во редовите на победничката екипа беше Теодора Гулицоска со девет погодоци, четири додаде Марија Гугуљанова, по три реализации имаа Јана Калајџиевска и Сара Миновска.

Кај Чаир листата на стрелци беше предводена од Теодора Дукоска со осум и Стефанија Ѓеоргиевска со шест погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА19611219
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167
14ГЕВГЕЛИЈА1910183