Скопје ја доби драмата во Струга

Ракометарките на Скопје на гостувањето во Струга кај Стружанка триумфираа со 29:28 (16:18)  со што ја остварија седмата сезонска победа во Женската лига.

Скопје со освоената победа дојде до 22 бодови на свое конто и трката за 6. позиција на табелата ја направи повозбудлива.

Победникот на натпреварот беше одлучен во финишот од дуелот, иако Скопје водеше со еден до два гола разлика, сепак, домаќинките до последната минута беа во игра барем за бод.

Ниту 11-те погодоци на Мендувие Далипоска не им помогнаа на домаќинките да остварат позитивен резултат на натпреварот.

Кај Скопје прв стрелец беше Јана Равојска со седум погодоци, по шест постигнаа Нина Неделковска и Стефани Ристиќ.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА19611219
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167
14ГЕВГЕЛИЈА1910183