Саугструп е МВП на Бундес лигата, Зендер најдобар стрелец

Данскиот пивот Магнус Саугструп од Магдебург е прогласен за најкорисен играч на сезоната во Бундес лигата.

Тој доби повеќе од 40% од гласовите на навивачите, неговиот соиграч Феликс Клар беше втор со 22%, а трет заврши Гидсел со 14% од гласови, додека останатите многу помалку.

Данскиот репрезентативец одигра 33 натпревари и постигна 106 погодоци, со реализација повеќе од 90%.

Шампион стана Магдебург, па овој тим заедно со Фуксе Берлин ќе игра во Лигата на шампионите, додека Фленсбург, Кил, Мелсунген и Гумерсбах ќе бидат дел од Лигата на Европа.

Најдобар стрелец во лигата е Мануел Зендер од Ајзенах со 277 погодоци, Матијас Гидсел од Фуксе Берлин имаше 263, додека трет е Омар Инги Магннусон од Магдебург со 239 гола.

Бундес лигата ја напуштија Балинген и Бергишер, додека промоција обезбедија новиот клуб на Мартин Томовски, Постдам, и тимот на Битигхајм.