Еден момент од натпревар од израелскиот шампионат стана хит на социјалните мрежи поради мангупски потег.
Мечот меѓу Хапоел Кирјат Оно и Аса Тел Авив, кој го добија гостите со 33-30, го одбележа потегот на Србинот Филип Леовац.
Тој предизвика исклучување од две минути на противничкиот ракометар и го искористи моментот што беше свртен со грб кон еден од судиите.
Кружниот напаѓач имаше дуел на линијата од шест метри, но со раката на ривалот се удри по своето лице и театрално се повлече наназад кон судијата.
Тој наседна на овој потег на Леовац и го исклучи ракометарот на гостинската екипа, па домаќинот имаше предност.