Салиу и Бошковски ја водеа Јехона до победа против Драчево

Тимот на Јехона со победата над Драчево од 36:33 дојде до 4-ти триумф во плеј-оф фазата од Првата лига.

Јехона со новите освоени бодови се вклучува во борбата за подобар пласман, односно за 4. позиција на табелата.

Драчево со денешниот пораз се оддалечи од 2. позиција, па така наместо да има 17 бодови, сега останува на оние 14.

Избраниците на Фари Селмани од почетокот, па до крајот ја имаа контролата на теренот и во ниту еден момент не дозволија победата да биде доведена во прашање.

Шутерски расположени во победничката екипа беа Адис Салиу со 11 и сѐ подобриот Стефан Бошковски со десет погодоци.

Во поразениот табор прв стрелец беше Филип Дабевски, постигна девет погодоци, а гол помалку имаше Димитар Петковски.