Сагосен: Сега сум послаб десетина килограми, и повеќе му користам на тимот

Најдобриот норвешки ракометар Сандер Сагосен раскажа за ТВ2 за проблемите со тежината по трансферот во Колстад.

Пред преселбата од Германија во татковината, Сагосен го скрши зглобот и паузираше подолго време.

„Откако го скршив зглобот, се вратив на тренинзите со 107 килограми тежина бидејќи поминав четири месеци во опоравување. Едвај трчав. На нашата прва средба со тренерите во Колстад ми рекоа да ослабам неколку килограми. Ова беше единствениот начин за да станам најдобрата верзија од себе. Ако тренерите мислат дека тоа е правилно, тогаш играчите мора да ги послушаат. По подолго време се чувствувам дека сум во најдобра форма, бидејќи ослабев околу 10 килограми. Сфатив дека мора да почнам да му користам на тимот, играм поефикасно“, изјави Сагосен.

На Колстад не му тргна најдобро во норвешкиот шампионат, но игра солидно во Лигата на шампионите, каде што има три победи на шест меча, а киксираше само на гости кај Загреб.