Ројевиќ: Ваквите победи ни ја креваат самодовербата!

Ракометарите на Охрид прославија важна победа во битката за што повисоко место на табелата и триумфираа во Битола кај Еурофарм Пелистер со 27-26.

Тренерот на „гладијаторите“, Борис Ројевиќ, беше задоволен од успехот на неговата екипа против се уште актуелниот шампион.

„Сакам да им честитам на момците за извонредната борба, посебно во второто полувреме. Во првиот дел бевме во грч, но во вториот дел трчавме повеќе и дававме повеќе голови. Одигравме одлично. Честитки за Еурофарм Пелистер за фер и коректната игра, игравме во убава атмосфера, во убав амбиент од 4.000 гледачи. Овие два бода многу ни значат затоа што сакаме што побрзо да обезбедиме место во Лига на Европа и да се свртиме кон ЕХФ Европскиот Куп каде не чекаат обврски. Сигурно дека ваквите победи ни ја креваат самодовербата пред двомечот со Целје“, изјави Ројевиќ.

Следен предизвик за Охрид ќе биде домашниот натпревар со Тиквеш в петок од 17:00 часот.

Стрмљан со гол во последна секунда му донесе победа на Охрид среде Битола